четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Домашен сок од тиква, зајакнува и помага! Лесно се спрема, штити од многу болести!

Домашен сок од тиква, зајакнува и помага! Лесно се спрема, штити од многу болести!

Сокот од тиква како лек содржи моќни антиоксиданси, кои го намалуваат ризикот од развој на срцеви заболувања и мозочен удар. Присуството на пектин и фитостероли го намалува ризикот од висок крвен притисок. Го намалува и нивото на лошиот холестерол …

Состојки:

1,5 кг излупена тиква
3,5 литри вода
0,5 кг кафеав шеќер
сок од 5 лимони
цимет
мелен ѓумбир

Подготовка:

Излупете ја тиквата и исечете ја на парчиња. Во водата додадете го шеќерот, сечканата тиква и варете додека не омекне тиквата. Кога е доволно омекната, процедете го, а потоа во изладената процедена течност додадете сок од лимон, цимет и ѓумбир по желба. Доколку сакате густ сок, во течноста додајте го испасираното месо од тиква (количина по желба). Истурете во стерилизирани стаклени шишиња, оставете да се излади, па ставете го во фрижидер. Консумирајте во рок од седум дена или замрзнете.