вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

ДОМАШНИ КНЕДЛИ ЗА СУПА! Старински рецепт од нашите баби, нема да ви се распаднат!

ДОМАШНИ КНЕДЛИ ЗА СУПА! Старински рецепт од нашите баби, нема да ви се распаднат!

Направете вистински домашни кнедли за супа по овој рецепт и сигурно ќе ви успее уште првиот пат.

Состојки:

1 јајце

1 лажичка масло

прстофат сол

4 рамни супени лажици гриз

Подготовка:

Одделете ги белките и жолчките, а потоа изматете ги белките додека не станат пенести. Потоа додадете ги жолчките и измешајте да се соедини. Додадете ги маслото и гризот. Нежно измешајте, а ако е потребно додадете уште една лажица гриз. Смесата треба да биде погуста, но не премногу. Оставете 10 минути малку да набабри.

Прво натопете ја лажицата во супата, а потоа земете ја смесата и нежно спуштете ја во тенџерето. Не земајте полна лажица бидејќи кнедлите ќе бидат огромни. Покријте и оставете ги да се варат околу 5 минути и супата е готова.