Од количините во овој рецепт ќе добиете 1 кг џем, или две помали тегли. Смоквите избришете ги со крпа и отсечете го стеблото. Не ги лупете, бидејќи кожата ќе му даде подобра структура на џемот.
Состојки:
2 кг излупени смокви
350 гр шеќер
2 ќесички ванилин шеќер
сок од 1 лимон
изрендана кора од еден лимон
Подготовка:
Во длабоко тенџере варете ги исечените смокви и шеќерот 45 минути. Додадете ванилин шеќер, сок и кора од лимон и добро измешајте. Топлиот џем сипете го во чисти тегли, затворете ги со капаци и превртете ги наопаку. Нека стојат така 24 часа.