Речиси и да нема човек кој додека готви не додал сол во јадењето, а потоа да не може да ја изеде подготвената храна.
Ако ви се случи ова, постојат неколку трикови со кои можете да ја направите вашата храна повторно да биде вкусна и солта помалку да се чувствува. Работата е што во таа храна можете да додадете состојки како компири или кромид…
Моркови, кромид или компири
Ако сте го пресолеле сосот, супата или чорбата, додадете само цел кромид или морков, а може да ви помогне и излупениот компир кој ќе го собере вишокот сол.
Јаболко
Во садот можете да оставите излупено јаболко кое ќе ја собере солта, а овој трик го користеле и нашите баби. Секако, кон крајот на подготовката извадете го јаболкото од садот.
Вода
И водата е ефикасна ако сакате да го елиминирате вишокот сол во вашето јадење. После тоа, можете да ја згуснете храната со скроб или згуснувач.