понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Едноставно решение за ручек или вечера: Потпечен зеленчук со прелив со сирење!

Едноставно решение за ручек или вечера: Потпечен зеленчук со прелив со сирење!

Состојки:

1 брокула
400 гр карфиол
4 лажици млеко
1 кромид
1 морков
1 чешне лук
2 пиперки
неколку парчиња чери домати
4 јајца
5 лажици масло
130 гр брашно
500 мл млеко
магдонос
копар
150 гр тврдо сирење

Подготовка:

Брокулата исечкајте ја на цветчиња, па ставете ја во тавче и покријте ја со вода. Посолете и прелијте со 2 лажици млеко. Гответе додека не зоврие, па оставете уште 2 минути. Процедете и истурете ја во огноотпорен сад. Истата постапка се користи и со карфиолот. Исечете го на цветови, па истурете го во тенџере и покријте го со вода. Посолете и истурете 2 лажици млеко, па варете додека не зоврие. Процедете и истурете во огноотпорен сад. Во тава со малку масло пропржете го ситно сечканиот кромид и кога ќе омекне додадете го сечканиот морков. Потоа, половина минута пред да биде готов зеленчукот, додадете го мелениот лук. Измешајте и истурете во огноотпорниот сад. Промешајте и додадете ја пиперката исечена на ленти. Додадете ги и шери доматите исечени на половина. Јајцата се матат, па се става сол и бибер. Додадете масло и брашно и добро измешајте, па прелијте со млеко. Добро измешајте и додадете сечкан магдонос и копар. Прелијте го зеленчукот и посипете со рендано сирење. Се пече во загреана рерна на 180°C околу 40 минути.