Лошата крвна слика е почеток на многу здравствени тегоби. Доколку имате проблем со анемија, овој рецепт ќе ви помогне да ги подобрите резултатите.
Еве што ви е потребно за оваа витаминска „бомба“ која ќе ве „врати во живот“
Состојки:
– 200 мл мед
– 200 г ореви
– 200 г суво грозје
– 200 мл сок од морков
– 200 мл сок од цвекло
– 2 лимона
Подготовка:
Измелете ги двата лимона со кора и додадете ги медот, цедениот сок од цвекло и моркови. Потоа, додадете ги ситно исечканите ореви и сувото грозје и промешајте. Смесата чувајте ја во стаклена тегла. Земајте по три пати дневно, по една лажица пред или по оброк.