вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Еве како да направите мафини со вкус на портокал

Еве како да направите мафини со вкус на портокал

Малку шеќер, јајца, сок од портокал, брашно и уште неколку состојки и вашите мафини се готови.

Доколку сте љубители на сладок појадок, овие мафини особено ќе ви се допаднат.

Состојки:

половина шолја шеќер

половина шолја масло

две јајца

чаша сок од портокал

две чаши брашно

кесичка прашок за пециво

прстофат сол

Подготовка:

Јајцата се матат со шеќерот и маслото, па се додава сокот од портокал и сето тоа убаво се меша. Брашното измешајте го со прашокот за пециво и малку сол, додадете го во смесата со јајцата, мешајте една минута и истурете во подмачкани калапи за мафини. Печете во рерна на 180 степени 15-20 минути.