Италијанците би ви позавиделе за ваквиот оброк
СОСТОЈКИ:
600 мл пилешка супа
15 нишки шафран
4 лажици путер
2 лажици маслиново масло
2 чаши ориз
половина чаша бело вино
1 кромид
50 гр пармезан
Подготовка:
Додадете шафран во половина чаша топла супа и оставете го на страна. Остатокот од супата чувајте го топол на ниска температура.
Во длабока тава пропржете го кромидот во две лажици путер и маслиново масло додека не порумени.
Додадете ориз во тавата и сè добро измешајте, а потоа истурете го виното и варете додека не испари целата течност. Додадете ја супата со шафран и варете околу две минути со постојано мешање.
Постепено додадете го остатокот од супата и варете додека оризот не омекне, но внимавајте да не се превари, околу 15 минути.
Тргнете ја тавата од оган, па додајте ги преостанатите две лажици путер и пармезан и послужете додека е уште топло.