Се препорачува да се консумира три пати неделно
Ретко кој може да одолее на газираните сокови, слатки и грицки.
Иако имаат неодолив вкус, овие намирници не се баш идеални сојузници за витка линија, а ниту за здравјето.
Покрај тоа, тие се најголемите причинители за појава на целулит и масни наслаги.
За да се намали нивната видливост, може да помогне овој пијалок.
Содржи доволно витамини и минерали кои му се потребни на телото, а исто така ќе го намали нивото на масти во вашето тело.
Доволно е да замените еден оброк со ова смути.
Правете го ова три пати неделно за да му ја дадете на вашето тело потребната детоксикација.
Состојки:
исцеден лимон
диња со средна големина
прстофат сол
малку свежо мелен бибер
1/3 лажичка рендано морско оревче
малку сечкан селен
2 супени лажици овесни снегулки
мала шолја свеж сок од јаболко
2 чешниња лук
Исечете ја дињата на коцки, а потоа додадете ги сите состојки во блендерот (освен овесните снегулки). Кога ќе добиете хомогена смеса, додадете го и овесот.