сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Го нарекуваат „течно злато“ затоа што во него е тајната на здравиот живот, но… 3 ситуации кога не треба да го користите маслиновото масло

Го нарекуваат „течно злато“ затоа што во него е тајната на здравиот живот, но… 3 ситуации кога не треба да го користите маслиновото масло

Маслиновото масло е една од најздравите намирници на светот, но како и сè останато и тоа има свои маани.

Маслиновото масло е многу застапено, а поради своите придонеси кои ги има за организмот, неговата примена е многу широка. Тоа се користи во гастрономијата, убавината, козметиката, нега, речиси и да не постои сегмент од животот во кој нема маслиново масло.

Тоа е познато и под името „течно злато“, еликсир на здравје и долговечност, но и број 1 пријател на човекот против бројни болести. Маслиновото масло содржи мононезаситени масни киселини, лецитин, полифеноли и витамини А, Д, Е и К.

Сепак, без оглед на сето ова постојат само три ситуации кога не би требало да го користите маслиновото масло затоа што тоа нема да биде од корист.

1. Маслиново масло за пржење

Исклучително е добро за работата на срцето, меѓутоа никако не смее да се изложува на високи температури. Оваа тема никогаш до крај не е истражена, но се знае дека со загревањето ја губи својата структура, па најдобро е да го користите како зачин.

2. Маслиново масло за скара

Не е штетно да го користите за оваа цел, но целосно е бескорисно со оглед на тоа што тогаш нема никакво значење за нашиот организам поради тоа што истото ќе изгори при подготвување на храната.

3. Маслиново масло за лице

Прилично е распространета употребата на ова масло за коса, масажа или нега на кожа, меѓутоа не би требало да го користите за нега за лице, особено доколку сте склони на акни. Маслиновото масло ги затвора порите и никако не е погодно за нашето лице.