среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Готови за половина час: Фритули или мини крофни

Готови за половина час: Фритули или мини крофни

Состојки и подготовка:

2 јајца
2 лажички шеќер
1 – 2 кесички ванилин шеќер
половина лажичка сол
300 мл. јогурт
околу 300 гр. брашно
рендана кора од лимон (по желба)
половина вреќа прашок за пециво
околу 500 – 600 ml. маслo за пржење

Можете да додадете малку рум ако тоа ви се допаѓа. Изматете ги јајцата рачно со шеќер, ванила, додајте сол, јогурт, рендана кора од лимон и потоа брашно, малку по малку, прашок за пециво. Изматете добро со миксер за храна и оставете го да стои десетина минути, точно на време за да се загрее маслото. Пржете на врело масло, но внимавајте да ја намалите температурата ако започне брзо да пожолтува. Додека пржите, превртувајте ги, а потоа извадете ги на салфетка да се исцедат. Посипете со шеќер во прав. Тие одат со џем, мед, крем … пријатно јадење!