вторник, 16. јануари 2024. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Готови за половина час: Крцкави соленки со сусам и мак

Готови за половина час: Крцкави соленки со сусам и мак

Што ви е потребно да направите вкусни соленки?

-500 грама брашно

-1,5 дл. масло

-1,5 дл. бело вино

-1 прашок за пециво

-50 грама мак

-50 грама сусам

-1 јајце

-сол

Подготовка:

Замесете тесто од брашното, маслото, виното и солта. Развлечете го на работната маса и премачкајте го со изматеното јајце. Наросете мак и притиснете го во тестото.

Свртете го тестото од другата страна и повторно премачкајте го со изматеното јајце и наросете сусам кој исто така ќе го притиснете на тестото.

Потоа исечете го тестото на ленти и секоја лента свртете ја околу својата оска и наредете ги во тепсија.

Печете 25 минути на 180 степени. Сервирајте со свеж зеленчук или некој пикантен сос.