Малку брашно, какао прав, брусница, индиски ореви и уште неколку состојки ќе бидат доволни за да се направат највкусните мафини, кои потсетуваат на празниците.
СОСТОЈКИ:
250 гр брашно
две лажици какао во прав
75 гр шеќер
три лажички прашок за пециво
половина лажичка сол
100 гр сушени брусница
100 гр индиски ореви
поголемо јајце
250 мл млеко
90 мл масло
ПОДГОТОВКА:
Измешајте ги брашното, какаото, шеќерот, прашокот за пециво, сечканите брусници и половина од сечканите индиски ореви. Додадете јајца, млеко и масло, сè добро измешајте, па истурете во подмачкани калапи за мафини. Одозгора премачкајте ги останатите ореви и печете во рерна на 190 степени 20-25 минути.