петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Идеални за собири: Рецепт за едноставни, а превкусни грицки со сусам

Идеални за собири: Рецепт за едноставни, а превкусни грицки со сусам

Кандил симиди се едноставни и вкусни закуски кои лесно се подготвуваат од само неколку состојки. Тестото со јогурт се оформува во прстени, кои потоа се посипуваат со сусам и се печат во рерна додека не добијат убава боја. Послужете ги со вашите омилени сосови или закуска со чаша од вашиот омилен пијалок.

Состојки:

125 гр путер
60 мл масло
1 жолчка од јајце
2 супени лажици јогурт
1 лажица оцет
1 лажица шеќер
1 лажичка прашок за пециво
1/2 лажичка сол
3 чаши (200 ml) брашно
1 белка од јајце
печено семе од сусам

Подготовка:

Путерот, јогуртот, жолчката, оцетот, маслото, шеќерот и солта измешајте ги со жица за матење, па додадете го прашокот за пециво и брашното. Замесете тесто.

Извадете парчиња тесто, израмнете ги со триење меѓу дланките, па формирајте змии кои ги поврзувате за да добиете прстен.

Потопете го тестото во белката, па сусамот и ставете го во плех обложен со хартија за печење.

Печете 15 до 20 минути на 180 Целзиусови степени.