недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Идеално време за цреши, дознајте зошто треба да ги јадете

Идеално време за цреши, дознајте зошто треба да ги јадете

Црешите вклучени во исхраната учествуваат во намалувањето на телесната тежина, а го чистат истовремено организмот од натрупаните токсини во зима.

Вкусните цреши веќе докажано имаат многу важна улога во прочистувањето на дигестивниот систем, црниот дроб и бубрезите. Затоа и се многу полезни за луѓе кои имаат проблеми со овие органи.

Освен тоа тие се полезни и за имуниот систем бидејќи содржат каротин, пепсин, антиоксиданси, витамините Ц, Б1, Б2 и др. Имаат вазодилататорен ефект врз крвните садови, богати се со железо, а тоа ги прави особено полезни за луѓето со анемија и недостаток на железо во крвта.

Освен тоа, ако почесто ги вклучувате во вашето мени, црешите можат да го забрзаат метаболизмот и да помогнат во процесот на разградување на мастите, а со тоа и до намалување на телесната тежина.