среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

ИДЕАЛНО ЗА ПОСТЕЊЕ: Фантастични плескавици од зеленчук со раскошен вкус и мирис

ИДЕАЛНО ЗА ПОСТЕЊЕ: Фантастични плескавици од зеленчук со раскошен вкус и мирис

Состојки:

200 гр ориз
150 гр компири
1 кромид
1 морков
600 мл супа од зеленчук
2 лажици сечкан магдонос
100 гр презла
Сол, мелен бибер

Подготовка:

Згответе ориз со супа. Одделно сварете ги компирите. Сварените компири изгмечете ги. На врело масло пржете го ситно исечканиот кромид и морков 5 минути или додека не омекнат. Измешајте го варениот ориз, компирите, кромидот и морковите. Додадете магдонос. Зачинете со мелен бибер и сол по вкус. Добро измешајте и направете топчиња. Извалкајте ги во презла. Пржете на врело масло додека не поруменат од двете страни.