Шеќер
Не е важно каков е – бел, кафеав, во прав или во коцки, тој никогаш нема да се расипе, затоа што во него бактериите не можат да опстојуваат. Мора да биде на суво место и во затворен сад.
Екстракт од ванила
Ако го имате некаде во кујната и подолго време ви стои на едното исто место, нема потреба да го фрлате. Тој едноставно трае вечно.
Ориз
Само кафеавиот ориз има рок на траење, затоа што содржи поголема количина масло. Белиот ориз не се расипува.
Мед
Теглата мед трае додека не ја испразните. По одредено време може да се кристализира или да ја промени бојата, но медот и по неколку години е здрав за консумирање. Само потребно е да го чувате на студено место.
Жестоки пијалаци
Ракија, џин, вотка, текила, рум… Дури и кога ќе ги отворите нема шанса да се расипат. Бојата, вкусот и аромата може да ослабат, но и потоа се пијат без проблем.
Сол
Нема рок на траење, само е неопходно да се чува на суво и студено место.
Оцет
Во добро затворено шише, оцетот никогаш нема да се расипе или изветрее.