Кога ќе спомнеме регулирање на крвниот притисок, најголем број од нас помислуваат на висок крвен притисок. Можеби со право, затоа што знаеме дека е многу честа појава. Но, има и такви луѓе кои се соочуваат со проблем како што е низок крвен притисок, па ајде да видиме што може да се направи и во едниот и во другиот случај.
Има неколку намирници кои влијаат повеќе од другите и можат за пократко време да придонесат во промена на притисокот, а еве за кои станува збор.
Засладени напитоци
Газираните и останатите напитоци со шеќер го подигнуваат крвниот притисок. Така, ако почувствувате малаксаност поради оваа причина, може да посегнете по чаша газиран сок, како една опција за регулирање на крвниот притисок и негово враќање во нормала.
Бобинкасто овошје
Антиоксидансите од бобинкастото овошје (посебно боровинките, малините, јагодите и црните рибизли), ја намалуваат можноста од развој на хипертензија. Научниците откриле дека консумацијата на една порција боровинки неделно, го намалува ризикот од покачување на крвниот притисок за 10%.
Сок од портокал
Благодарение на хесперидинот во неговиот состав, кој е од групата на полифеноли, ако секојдневно консумираме сок од портокал, можноста да го снижиме крвниот притисок е голема.
Лук
Во народот постои традиција, но и науката потврдува дека лукот помага за намалување на крвниот притисок. Благодарение на неговиот состав, тој влијае поволно на крвните садови и го намалува таложењето на масти во нив, со што ја подобрува циркулацијата и го регулира, односно намалува крвниот притисок.
Интегрални житарици
Рафинираните житарки го подигнуваат крвниот притисок. Додека, интегралните житарици кои се богати со растителни влакна и витамини многу повеќе од рафинираните, придонесуваат за снижување на крвниот притисок.
Протеини од сојно млеко и млечни производи
Протеините од овие производи го снижуваат крвниот притисок, а кога веќе користите млечни производи добро е тоа да се со низок процент на млечна маст.
Темно чоколадо
Чоколадото треба да се наоѓа на вашето мени повремено, а посебно ако е темно и со висок процент на какао, на пример со повеќе од 50% или уште подобро 75% какао. Што повеќе какао има во составот, тоа е поквалитетно црното чоколадо, има помалку шеќер, масти и калории,а повеќе корисни антиоксиданси.
Маслиново масло
Дури и умерено консумирање на маслиново масло, околу 25 мл дневно (околу 2 лажици), успешно го снижува крвниот притисок.
извор: thehealthystation.com