Тиквичките многу често се на трпезата бидејќи јадењата од нив лесно се подготвуваат и не ги оптоваруваат органите за варење.
Иако домаќинките ги подготвуваат како и другиот зеленчук, тиквичките се всушност еден вид овошје, а се високо на листата по лековитите својства. На жените им се допаѓаат затоа што не се многу калорични, а на мажите затоа што им помагаат во решавање на сериозни проблеми.
Тие помагаат при губење на тежината
Повеќе од 90 отсто од овошјето е вода, па не е чудно што во 100 грама има само 16 калории. За децата најдобро е да сена скара или да се пржат на малку масло со друг сезонски зеленчук.
Чувар на машкото здравје
Минералот манган од кората на тиквичката благотворно делува на зголемување на либидото, додека хранливите состојки ги намалуваат симптомите на зголемена простата, што на мажите им го отежнува мокрењето, а понекогаш и сексот.
Го стимулираат варењето
Богати се со диетални влакна, па се препорачуваат за луѓе кои страдаат од запек. Влакната ја стимулираат работата на дигестивниот систем.
Го намалуваат крвниот притисок
Тие се одличен извор на витамини Б и Ц, како и калиум, кој ја регулира работата на срцето и го намалува крвниот притисок. Најмногу од сите хранливи материи се наоѓаат во кората, па затоа е подобро да не се лупи пред да се готви.
Го забрзува зараснувањето на раните
Интересно е што тиквичката промовира побрзо зараснување на раните и ја прави кожата поздрава. Како што споменавме, кората содржи одредена количина на манган, минерал важен за производство на аминокиселината пролин. Пролинот, пак, го стимулира производството на колаген во кожата, кој е важен за закрепнување и изглед на кожата.