понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Јадете ги почесто: Киселите краставички ќе ви го чуваат здравјето

Јадете ги почесто: Киселите краставички ќе ви го чуваат здравјето

Киселите краставички содржат голема количина вода, протеини, многу малку маснотии и диетални влакна. Покрај тоа, тие се богат извор на минерали, вклучувајќи калиум, натриум и фосфор.

Тие исто така содржат витамини како што се витамините Ц, А, Б6, Б12, рибофлавин, ниацин и тиамин.

Моќен антиоксиданс

Го штитат телото од слободните радикали, нестабилни хемикалии кои ги оштетуваат клетките во нашето тело.

Одличен пробиотик

Го балансираат варењето и го забрзуваат создавањето добри бактерии кои се клучен дел од нашето здраво варење.

Го штитат црниот дроб

Покрај тоа што го подобруваат варењето, киселите краставички го штитат и црниот дроб и му помагаат да ги филтрира токсините од телото.

Спречуваат формирање на чир на желудник

Чирот е внатрешна рана на стомакот, односно оштетување на мембраната предизвикана од киселини. Со своите својства киселите краставички го штитат стомакот и спречуваат формирање на ваква штетна рана.

Помагаат при дијабетес

Истражувањата покажаа дека киселите краставички го стабилизираат количеството на хемоглобин – протеин во црвените крвни клетки кој носи кислород. Киселоста на краставицата помага да се контролира дијабетесот.