вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Јајца полнети со сланина: Се јадат за 15 минути, а рецептата е стара со векови

Јајца полнети со сланина: Се јадат за 15 минути, а рецептата е стара со векови

Полнетите јајца се користеле како мезе во стариот Рим, а поради зачинетиот вкус ги нарекувале и ѓаволски. Тие биле незаменливи на секоја гозба, а подоцна се правеле експерименти со храната, па се менувале и вкусовите. Се полнат со жолчки и состојки по избор, а смесата ќе биде поубава ако на неа додадете јогурт или мајонез. Наш предлог денес се и полнети јајца украсени со сланина, кои даваат посебен шмек, а се одличен предлог за појадок после Велигден кога имате многу јајца.

Состојки:

8 јајца
1/4 чаша мајонез
1/2 лажичка Дижон сенф
1/4 лажичка лук во прав
1/4 лажичка слатка пиперка
1 кисела краставица
4 парчиња сланина

Подготовка:

Сварете ги јајцата и извадете ја лушпата, па пресечете ги на половина и извадете ја жолчката. Изгмечете ја жолчката со вилушка, па додајте мајонез, сенф, лук во прав, сол, бибер, слатката пиперка и ситно сечканата кисела краставица. Добро измешајте, па наполнете ја белката. Украсете со ситно сечкана сланина која претходно сте ја испржиле.