Дневна доза какао може да го намали крвниот притисок, како и пропишаните лекови од лекар, покажа британско истражување. Ова се должи на фактот дека какаото е богато со флавеноиди, кои успешно се борат со хипертензијата, од која, според последните податоци, е засегнато една четвртина од полнолетното население на Велика Британија и 70 проценти од луѓето над 65 години.
Екипата на д-р Ана Родригез Матео од лондонскиот Кингс колеџ предупредува дека благотворни ефекти на какаото можат да бидат компромитирани од шеќерот кој го има во чоколадото. Поради оваа причина за најдобар ефект е препорачливо да се консумира додаток во исхраната со какао флаванол.
Британскиот тим спроведе тестирање на 45 здрави Германци меѓу 18 и 35 години. Мажите биле поделени во три групи, кои земале големи или ниски дози на какао флавонот и плацебо. Учесниците со високи дози на флавоноиди го намалиле крвниот притисок за шест единици.