сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

КАКО ДА ОДМРЗНЕТЕ МЕСО ЗА САМО 5 МИНУТИ: Едноставен трик кој ќе ви ги олесни маките

КАКО ДА ОДМРЗНЕТЕ МЕСО ЗА САМО 5 МИНУТИ: Едноставен трик кој ќе ви ги олесни маките

Многу домаќинки се нашле во ситуација кога сакале да подготват ручек, но заборавиле да го извадат месото од замрзнувачот, по што се откажале. Сепак, постои одличен трик кој ќе помогне да се одмрзне месото за рекордно време.

Еве го решението:

За овој трик ќе ви требаат два метални садови. Еден свртете го наопаку и врз него ставете го месото, на кое потоа ќе ставите уште еден сад и ќе го наполните со топла вода. Само почекајте 5 до 10 минути и тоа е тоа.

Трикот е во тоа што металот, особено алуминиумот, е одличен спроводник на топлина. Водата во тенџерето што е на месото ќе ја распореди топлината по целата површина на месото и затоа побрзо ќе се одмрзне.

Домаќинките кои го пробале овој трик се воодушевени.