среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Како да подготвите џем од јагоди: Едноставен рецепт за највкусен резултат

Како да подготвите џем од јагоди: Едноставен рецепт за највкусен резултат

Џемот од јагоди е вистински деликатес, одлично оди со палачинки, кифлички и други пецива

Состојки:

3кг јагоди
1,5кг шеќер

Подготовка:

Добро измијте ги и исчистете ги јагодите. Само целосно здраво овошје треба да влезе во џемот; отстранете ги смачканите примероци и употребете ги за некој десерт.

Поголемите јагоди исечкајте ги на неколку парчиња и измерете го таквото овошје. Количината на шеќер е за половина помала од количината на овошјето.

Во тенџере истурете ги јагодите и шеќерот, сè убаво измешајте, па ставете на рингла. Кога овошјето ќе зоврие, намалете ја температурата на средна.

За време на готвењето на површината ќе се појави пена, која повремено треба да ја отстранувате со лажица.

Кога овошјето ќе се згусне, џемот е готов. За оваа количина на овошје ќе ви бидат потребни околу два часа.

Истурете го џемот во стерилизирани тегли, добро затворете ги, па превртете ги наопаку и оставете ги околу петнаесет минути.

Потоа превртете ги, завиткајте ги во ќебиња и оставете го џемот целосно да се излади. Чувајте го џемот на темно и ладно место, а отворената тегла чувајте ја во фрижидер.