вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Како се прави ВИСТИНСКА КАРБОНАРА? Состојката која ја додаваме воопшто не е блиску до оригиналниот рецепт!

Како се прави ВИСТИНСКА КАРБОНАРА? Состојката која ја додаваме воопшто не е блиску до оригиналниот рецепт!

Многу луѓе погрешно прават карбонара, бидејќи на неа додаваат и крем за готвење. Можеби на некои луѓе така им е најубава, но Италијанците би биле шокирани. Вистинската карбонара се подготвува само со јајца, сирење, сланина и секако, шпагети. Единствено на што треба да внимавате при подготовката на оваа класика е да не ја чувате долго на шпорет, бидејќи јајцата не смеат да се варат и може да се направат матени јајца. Лесно направете домашен специјалитет што го сака целиот свет.

Состојки:

5 јајца
150 гр гванчале или сланина
100 гр пармезан сирење
300 гр шпагети
бибер по вкус

Подготовка:

Ставете ги шпагетите да се варат. На суво тавче пропржете го биберот, а потоа извадете од тавата во сад и додадете ја сечканата сланина. Пржете, па извадете ги. Изматете ги јајцата и додадете го пармезанот, па сè убаво измешајте. Потоа истурете ги процедените шпагети во тавата и додајте неколку лажици од водата во која се варени. Измешајте и оставете 5 минути. Намалете ја температурата, а потоа додадете ги јајцата и сирењето. Добро измешајте и оставете 2 минути на ниска температура. Тргнете од шпорет, додадете бибер и сланина и повторно добро измешајте.