вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

КАРБОНАРА СО ПАВЛАКА ЗА ГОТВЕЊЕ: Уште покремаст сос за италијанскиот специјалитет

КАРБОНАРА СО ПАВЛАКА ЗА ГОТВЕЊЕ: Уште покремаст сос за италијанскиот специјалитет

Италијанците се познати по своите тестенини, а едни од најпознатите се Болоњезе, Карбонара и Алфредо. Секој го знае оригиналниот рецепт за овие тестенини, но често се случува луѓето да импровизираат, па се трудат да го подобрат вкусот на проверените јадења. Така се појави рецептот за карбонара во кој наместо јајца се додава крем за готвење, а резултатот не е воопшто лош. Научете како да направите лажна карбонара која нема шанси да не ви успее.

Состојки:

500 гр шпагети
300 гр сланина
200 гр пармезан сирење
300 мл крем за готвење
2 чешниња лук
1 лажица маслиново масло
100 гр путер

Подготовка:

Во тавче сварете ги шпагетите, па процедете ги (но оставете малку од водата во која се варени).

Во тава на маслиново масло пропржете сечкана сланина и цели чешниња лук. Кога сланината ќе стане крцкава, извадете го лукот и истурете го со кремот за готвење.

Промешајте, зачинете по желба и кога ќе почне да крчка додадете ги шпагетите и прелијте со малку од водата во која се сварени.

Добро измешајте и динстајте уште малку. Кон крајот додадете путер и пармезан, па мешајте додека убаво да се растопат.