вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Ќе им успее и на неискусните домаќинки: Вкусна погача кога брзо се прави

Ќе им успее и на неискусните домаќинки: Вкусна погача кога брзо се прави

Ако не сакате да купувате леб, тогаш можете да си направите домашно тесто кое на сите им успева од прв пат.

Потребни состојки:

200 грама путер

110 милилитри масло

2 јајца

1 лажичка сол

2 кесички прашок за пециво

720 грама брашно

Во сад измешајте млеко, вода, масло, растопениот путер и белката. Соединете, па истурете 600 грама брашно, сол и прашок за пециво.

Се меша со шпатула, па се додава остатокот од брашното (120 грама) и се замесува тесто.

Префрлете го на набрашнета површина и кратко замесете го, па ставете го во добро намрсена тава.

Потоа изматете ги жолчките и премачкајте го тестото, а по желба направете шара со вилушка влечејќи ја преку тестото.

Испечете ја погачата во загреана рерна на 200 степени додека не порумени.

Оставете да се излади, па исечете.