среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Ќе ја обожавате оваа пита со тиквички! (РЕЦЕПТ+ВИДЕО)

Ќе ја обожавате оваа пита со тиквички! (РЕЦЕПТ+ВИДЕО)

Прсти да излижете…

Многу луѓе, кога мислат на пити, мислат дека тоа е нешто нездраво, што ги прави дебели. Сепак, тоа не мора да значи дека е така.

Оваа пита ги има сите здрави состојки, се прави брзо, а вкусот е ненадминлив. Можете да ја направите или за појадок, или за ручек или вечера.

СОСТОЈКИ:

3 јајца
3 лажици брашно
1/2 прашок за пециво
150 гр тиквички исечкани на коцки
половина црвена пиперка исечкана на коцки
малку праз на мали парчиња
100 гр фета сирење
малку кашкавал
30 мл маслиново масло
сол

ПОДГОТОВКА:

Изматете ги јајцата, додајте ги сите наведени состојки, соединете и истурете во намастена тава (22см). Одозгора можете да посипете коцки сирење. Печете на 200 степени околу 35-40 минути. Послужете разладено.

Еве како се прави: