Кефирот содржи неколку важни видови на добри бактерии, кои ги нема во јогуртот, па затоа се смета дека е малку поздрав од јогуртот.
Кога станува збор за здрава исхрана, многу нутриционисти нагласуваат дека рамнотежата е важна и дека нема потреба да се исклучува ниту една група на храна, вклучително и млечните производи.
Нутриционистката Марија Ѓурковиќ истакнува дека кефирот и јогуртот се важни во нашата исхрана, а дека кефирот сепак е малку поздрав:
– Кефирот се добива со ферментирање на млеко, но поради некоја причина ја нема популарноста со која може да се пофали јогуртот. Повеќето луѓе ќе речат дека тоа е поради посилниот и малку чуден вкус, но вреди да се знае дека зад тој вкус се крие нешто што го прави малку поздрав производ од јогуртот, иако и двата се исклучително корисни и здрави – вели таа и додава:
– Кефирните зрна од кои настанува овој здрав и освежителен напиток, се составени од млечна и јаглеродна киселина, бактерии, стрептококи, микрококи, габи и малку алкохол. Сега можеби ќе ви биде појасно од каде тој специфичен вкус на кефир и чувството на печење во грлото кога го пиете, а ќе забележите и дека малку се пени кога ќе се истури во чаша, што исто така е „последица“ на алкохолот . Ако остане отворен подолго, по 5-6 дена количината на алкохол ќе се зголеми на 1 процент.
– Кефирот содржи неколку важни видови на добри бактерии, кои ги нема во јогуртот. Некои од нив ги контролираат и елиминираат деструктивните, патогени квасци од телото, како што е ешерихија коли, а се препорачува да се пие секогаш кога сте на антибиотска терапија.
Тој е богат извор на фосфор, кој е втор најчест метал во нашето тело, помага во подобро искористување на јаглехидратите, мастите и протеините, богат е со витамини К, Б1, Б12 и биотин, кои му помагаат на телото да ги асимилира другите витамини од Б групата, како фолна и пантотенска киселина – заклучува нутриционистот.