Киселата зелка е неверојатна храна која ќе ве заштити од вируси. Овој исклучително хранлив зеленчук содржи витамини А, Б, Ц, Е и К, минерали селен, калциум, калиум, магнезиум, а бидејќи не е калоричен, можете да го јадете колку што сакате.
Одличен е за имунитет и варење, а го нарекуваат и зеленчук против стрес.
Расолницата од кисела зелка, која обично се споменува како одличен лек за мамурлакот по претераното пиење, е добра и за чистење на организмот, па често лекарите велат дека е метла за желудникот и цревата.
Ако јадете сирова зелка, еве начини како да ја збогатите со други вкусови:
Состојки: 40 гр зелена салата, јаболко, 100 гр свеж ананас, мандарина, 150 гр кисела зелка, 75 гр јогурт, половина лажичка мелен ким, бибер.
Измијте ја зелената салата и ставете ја на чинија. Јаболкото исечете го на осум дела, извадете ги семките и исечете го на тенки парчиња. Ананасот излупете го и исечкајте го на коцки, а мандарината на кришки. Овошјето измешајте го со кисела зелка и ставете го на чинија со зелена салата. Направете сос од јогурт, бибер и ким и прелијте со салатата.
Имено, млечно киселинските бактерии од киселата зелка ја одржуваат здрава цревната флора, а со тоа и целокупниот имунитет на организмот. За да се зачуваат хранливите материи и пробиотиците, се препорачува да се јаде сирова, без готвење.
Киселата зелка, верувале или не, исто така е на листата на намирници кои предизвикуваат желба да водите љубов. Се верува дека две порции дневно сигурно ќе го зголемат либидото.