Кога на овој начин подготвувате мафини, ќе добиете воздушесто и меко тесто, а најдоброто од се е што не ви треба ни рерна!
Нивната клучна состојка е млекото, целосно ќе бидат бели, а се готват на пареа.
Состојки:
1 јајце
110 гр брашно за колачи
85 гр млеко
70 гр шеќер
1 лажичка екстракт од ванила
10 гр несолен путер
прстофат сол
малку прашок за пециво
Подготовка:
Измешајте ги јајцето, ванилата и солта и кратко промешајте. Додадете шеќер и изматете додека не стане пенеста смесата. Просејте го брашното со прашокот за пециво, па додадете го во смесата. Додадете половина млеко и изматете со жица за матење.
Додадете го преостанатото млеко и стопениот путер.
Во алуминиумски калапи ставете хартиени калапи за мафини. Смесата сипете ја речиси до врвот, па гответе на пареа.