Веројатно веќе ги имате сите состојки
Состојки:
280 гр брашно
80 гр какао во прав
две и пол лажички прашок за пециво
половина лажичка сода бикарбона
малку сол
250 гр шеќер
две јајца
300 мл млеко
55 гр стопен путер
60 мл масло
две лажички инстант кафе
екстракт од ванила
чаша сечкана чоколада
Подготовка:
Измешајте брашно, какао, прашок за пециво, сода бикарбона, сол, кафе и шеќер. Во друг сад изматете ги јајцата, млекото, маслото и ванилата.
Измешајте ги двете смеси, додадете ситно сечкана чоколада, па истурете во подмачкани калапи за мафини. Се пече во рерна на 180 степени околу 20-25 минути, се оставаат да се изладат и се сервира.