петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Кога правите тесто додадете само една состојка која ќе ја продолжи свежината на лебот

Кога правите тесто додадете само една состојка која ќе ја продолжи свежината на лебот

Да направите совршено тесто не е толку сложен процес, но доколку сакате најдобри резултати мора да почитувате одредени чекори.

Важно е сите состојки за тесто да имаат собна температура пред да започнете да го месите тестото, па поради тоа барем еден час пред почеток на правење на тестото состојките оставете ги на работната површина. Доколку користите сув квасец, веднаш помешајте го со брашно и сите останати додатоци за тесто.

Сигурно поголем дел од домаќинките имаат свои трикови како тестото секојпат да им успее, но еден трик ќе ви овозможи печивото кое го правите да биде свежо и по неколку дена. Не е важно дали месите кифлички, леб или нешто друго, доволно е во тестото да додадете само една состојка.

Станува збор за скроб којшто помага кај сите видови на тесто. Доколку него го додадете во тестото, тоа ќе биде помеко, а печивото ќе биде повкусно и посвежо. Тоа што е важно да го направите е да го помешате скробот со брашното, па така да го додадете во тестото, а не да го додавате со некоја друга состојка.

Размерот е следен – на 4 шолји брашно се додава една лажичка скроб. Тестото потоа се подготвува по вообичаен рецепт и се остава да нарасне како и вообичаено, па се пече.