Секако дека сите витамини и минерали се неопходни за нашето тело и здравје, но одредени витамини и минерали се особено корисни во зачувување на кожата и косата, како и за целокупното зачувување на младото тело…
Витамините А, Це и Е и помагаат на кожата да биде поеластична и помагаат при ревитализација на врзувачкото ткиво.
Селенот, витамините Це и Е го забавуваат процесот на стареење.
Сумпор е минералот на убавината и младоста и го забавува процесот на стареење.
Минералите и витамините кои ќе ви помогнат во одржувањето на убавината потполно ќе делуваат само во рамката на здравата и балансирана исхрана.
Витамините А, Е, Б2, Б5 и Де се нарекуваат и витамините на убавината.
Се препорачуваат два овошни коктели и еден коктел од зеленчук, кои се добро избалансирани и кои можат да помогнат во зачувување на убавината.
1 . Коктел од грозје, праски и лешници.
2. Коктел од ананас, сливи и кајсии.
3. Коктел од мајчина душица, зелена салата и ротквици.
Доколку сакате да ја зачувувате убавината на лицето и телото, секој ден јадете мед со жалфија или жалфија и полен.
Против стареењето на мозочните вијуги
На виталноста на духот и побавното стареење на мозочните вијуги влијае правилната исхрана без маснотии, бело брашно, рафиниран шеќер и што е можно помалку зачини. Секако, некои витамини и минерали се посебно корисни во процесот на зачувување на вашиот ум.
Витаминот Е и магнезиумот ги зацврстуваат нервните клетки.
Цинкот го подобрува протокот на нервите импулси.
Витаминот Ц ја зацврстува отпорноста на нервните клетки и го смалува холестеролот во крвта.
Витамините Б1 и Б6 го подобруваат функционирањето на нервниот систем.
Витаминот Д е неопходен за пренос на нервните импулси.
Фосфорот е минералот на умот, ги подобрува умствените функции.
Калиумот помага за генерална подобра состојба и учествува во преносот на информациите низ нервниот систем.