Знаеме дека витаминот Д игра клучна улога во кревање на расположението и ублажувањето на симптомите на депресија. Научниците одлучија да ја истражат оваа очигледна поврзаност на витаминот Д со нервниот систем – со посебен фокус на тоа како витаминот Д влијае на когнитивната функција.
Во новата студија објавена во „Alzheimer’s & Dementia“, научниците од Универзитетот Раш и Универзитетот Тафтс се првите кои ги споредија факторите на когнитивно опаѓање со концентрациите на витамин Д, не само во крвта, туку и во мозокот.
Една студија покажа дека витаминот Д во мозокот всушност го поддржува когнитивното здравје. Оние кои имале поголема концентрација на витамин Д во мозокот имале подобра меморија и побрзо ја перцепирале околината. Исто така, учесниците со повисоки концентрации имале 25% до 33% помали шанси да развијат деменција или благо когнитивно оштетување.