среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Костените се вкусни и многу здрави: За што ни помагаат омилените јаткасти плодови?

Костените се вкусни и многу здрави: За што ни помагаат омилените јаткасти плодови?

Без оглед на високата калориска вредност (100 грама печени костени имаат 245 калории), за разлика од другите јаткасти плодови, како што се оревите, бадемите и лешниците, имаат помал процент на маснотии.

На многумина костените им се омилени, но треба да се знае и дека се многу корисни за здравјето.

Поради високата хранлива и енергетска вредност се препорачува на деца, спортисти, бремени жени и постари лица.

Овој јаткаст плод е богат со витамини А, Б и Ц а содржи и калиум, фосфор, калциум, железо, магнезиум, бакар, сулфур…

Многу е ефикасен во проблеми со бубрезите и дигестивниот систем. Чај од костен ги ублажува симптомите на астма и бронхитис, а може да се консумира и во супа или салата.