вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Козјо млеко – непроценлив лек од природата

Козјо млеко – непроценлив лек од природата

Козјото млеко поради бројните лековити својства се класифицира во најздравите намирници на светот. Со години, освен во исхраната, се користи и како лек за болестите како бронхитис, сузбивање на алергии, зајакнување на имунитетот, лекување и зајакнување на белите дробови…

Истражувањата покажаа дека ова млеко полесно се вари од кравјото и дека има ниско ниво на алергени.

Истражување објавено во магазинот International Journal of Food Science Nutrition покажа дека на молекуларно ниво козјото млеко е слично со човековото.

Во традиционалната медицина се користи за лекување на хиперлипопротеинемија, срцеви болести, фиброзни цисти, болести на жолчката и жолчни камења.

Козјото млеко е преполно со калциум и фосфор, кои се важни за цврстината на коските, како и цинк и селен, силни антиоксиданси кои го одржуваат имунолошкиот систем. Бројни научници го препорачуваат козјото млеко на луѓето кои страдаат од анемија предизвикана од недостаток на железо.

Ова млеко е богат извор на биоразградлив калциум, железо, фосфор и магнезиум и ги содржи во поголеми концентрации од кравјото млеко. Исто така, содржи и околу 40 проценти помалку цитрати во однос на кравјото млеко.

Со оглед на тоа дека козите ги јадат само корите од билките, нивното млеко е богато и со силициум, минерал кој позитивно влијае на кожата, косата, ноктите и нервниот систем.

Во себе содржи мноштво протеини богати со важни аминокиселини, широка лепеза на витамини и нема тешко сварливи масти. Бидејќи содржи помалку лактоза, полесно се вари од кравјото млеко.

Сурутката, козјото сирење и јогуртот се најмоќните природни средства за зајакнување на имунитетот.

Значителни се за обнова и изградба на коските, ја подобруваат работата на дигестивниот тракт, се препорачуваат како превенција и терапија за лицата со заболен црн дроб, остеопороза, зголемен холестерол и крвен притисок, воспалителни процеси, како и за подобрување на работата на бубрезите.