недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

КРЕМ СУПА СО ПАРМЕЗАН: Малку поинаква супа која ќе ве оживее и ќе ви ги разбуди сетилата

КРЕМ СУПА СО ПАРМЕЗАН: Малку поинаква супа која ќе ве оживее и ќе ви ги разбуди сетилата

Потребно е:

– 3 варени компири
– 50 гр маргарин
– 20 гр брашно
– 700 мл млеко
– 9 чешниња лук
– 30 гр пармезан
– сол, бибер
– морско оревче
– малку масло

Подготовка:

Во тавче на умерена температура растопете го маргаринот, па додадете го брашното и мешајте околу една минута, додека не се згусне, но без грутки. Истурете го млекото, мешајте додека смесата не почне да врие. Се трга од оган, се зачинува по вкус, се додаваат компирите и лукот претходно пропржени на малку масло и сето се прави пире со рачен блендер. На крајот додадете рендан пармезан и измешајте. Чорбата ќе биде исклучително густа, па ако сакате додадете уште млеко. Послужете додека е топло.