Тиквичките се појавија на пазарите, па време е да почнете да ги користите во рецептите.
Ви треба:
1 праз
2 моркови
1 мал целер
1 пиперка
1 голема тиквичка
1 голем компир
1 лажичка сув зачин
малку мелен пипер
лист од магдонос
масло
За сосот:
1 лажица кисела павлака
3 чешниња лук
Подготовка:
Изрендајте еден морков и пропржете малку на масло. Додадете сечкан праз, сечкана пиперка и пржете околу пет минути.
Додадете тиквички исечкани на коцки и компири исечени на коцки. Истурете вода да зоврие. Гответе 40 минути, додадете зачини по желба. Изблендирајте го зеленчукот со рачен блендер. Во друг сад ставете павлака и издробениот лук и посолете малку.
Изблендирајте го и тоа. Истурете ја супата во чинија и додадете една лажичка од сосот од лук. Додадете лист од магдонос. Вкусот е неодоливо добар.