Со оглед на тоа што butternut тиквите може да се купат речиси цела година, од нив можете да правите супа кога сакате, па зошто да не ја правите секој ден или оваа недела за да започне сезоната! Комбинацијата е совршена! Кога супата е готова, промешајте малку фета сирење, земете парче домашен леб и уживајте!
Состојки:
1 тиква
5 големи моркови
4 мали главици кромид, неколку листови жалфија
сол и црн пипер
маслиново масло
2 литри бујон од зеленчук, фета сирење, крем
Постапка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Морковот и тиквата исчистете ги и исечете ги на коцки. Додадете кромид и жалфија и зеленчук, добро зачинете со сол и бибер и посипете со маслиново масло. Префрлете во плех обложен со хартија за печење и печете околу еден час во загреана рерна – додека рабовите на кромидот не добијат убава златно-кафеава боја. Кога зеленчукот ќе се свари, измешајте го со бујонот, зеленчукот можете да го испасирате со алатка за пасирање на компири за да направите крем супа. Загрејте ја супата и послужете ја топла со парче фета сирење и лажица крем и уживајте!