четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Круша за душа, но и за здравје – ниту кората не треба да ја фрлате

Круша за душа, но и за здравје – ниту кората не треба да ја фрлате

Овие слатки мали плодови помагаат во борбата против многу болести, а ја чуваат и здравата тежина.

Крушите се сочно и слатко овошје кое е благодет за организмот.

Плодовите на крушите се полни со минерали: калиум, бакар, фосфор, калциум, магнезиум, железо и многу микроелементи. Богати се со витамини, К, А и Ц, како и повеќето витамини од групата Б и Д.

Содржат антиоксиданс-процијанидин, кој помага при вкочанетост во срцевото ткиво и му олеснува на срцето да пумпа крв во целото тело. Исто така, го намалува LDL лошиот холестерол, додека го зголемува HDL добриот холестерол.

Во кората на крушите се наоѓа кверцетин, антиоксиданс кој го намалува воспалението, како и ризикот од срцеви заболувања, како што се висок крвен притисок и холестерол.

Иако е слатко овошје, крушите се поврзани и со помал ризик од дијабетес.

Содржат диетални влакна кои помагаат во забавување на варењето, па телото има повеќе време да го разложи вишокот на шеќер. На тој начин, ќе го намалиме нивото на шеќерот во крвта.

Помагаат и кај слабеење

Хранливите материи во крушите, освен што го чуваат здравјето, помагаат и кај губењето на несаканите килограми. Причината за тоа е дека крушата има малку калории, многу вода и релативно е богата со диетални влакна.

Се покажало дека нискокалорична диета богата со хранливи состојки помага кај слабеењето, додека зголемената хидратација се покажало дека придонесува за здрава тежина. Покрај тоа, влакната во крушите даваат чувство на ситост, и спречуваат прејадување.

Го подобруваат варењето на храната и дебелото црево, а тоа е многу важно за одржување на линијата.