сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

ЛЕПЧИЊА СО СИРЕЊЕ: Нема на кој не му се допаднале овие совршени пецива!

ЛЕПЧИЊА СО СИРЕЊЕ: Нема на кој не му се допаднале овие совршени пецива!

Кога ви треба нешто брзо и вкусно, тогаш не мора да барате повеќе. Брзо замесете тесто и испечете ги овие меки лепчиња. Намачкајте крем сирење на топлите лепчиња и послужете со домати и јогурт. Исто така е одлична ужина кога доаѓаат вашите гости, но и ако славите слава.

Состојки:

150 мл вода
70 гр путер
1 прстофат сол
1 прстофат бибер
3 јајца
брашно 110 гр
25 гр пармезан
50 гр моцарела
малку магдонос

Подготовка:

Се топи путерот, потоа се додава вода, сол и бибер. Промешајте, а потоа додадете брашно кога путерот ќе зоврие. Добро измешајте за да се соедини се. Извадете ги во сад и додадете ги јајцата, а потоа изматете ги. Додадете рендана моцарела и сецкан магдонос и добро измешајте. Со лажица за сладолед извадете ги на плех обложен со хартија за печење. Посипете со пармезан и печете на 190 ° C околу 25 минути.