Вкусен рецепт за лазањи какви што сигурно не сте јаделе.
СОСТОЈКИ:
500 гр. кори за пита
300 гр. мелено месо
200 гр. кашкавал
500 мл. млеко
4 лажици брашно
1 лажиче оригано
1 домат
1 кромид
150 гр. марггарин
кечап
ПОДГОТОВКА:
Се сече кромидот се пржи со месото и се додава доматот исечен на коцки и зачините.
Се вари бешамелот во друга шерпа со маргарин, брашно и млеко, па се трга и се додава месото.
Се става масло во плех и половина од корите се сечат на мали делови, па се растресуваат по плехот.
Се става пола фил и кечап.
Се прави исто и со другта половина од корите и се ставаат на филот.
Се става остатокот од филот, па 100 мл. вода и се растресува плехот.
Се става и кашкавалот.
Се пече на 200 степени 70 минути.