Доколку сакате да јадете лесен оброк, тогаш ви препорачуваме пиперки со додаток на сирење и маслинки.
Состојки:
4-5 пиперки
1 јајце
150 гр фета сирење или меко козјо сирење
2 лажици кисела павлака
1 лажица сечкан магдонос (или оригано, рузмарин)
маслинки
сол и црн пипер
Подготовка:
Пиперките исечете ги на половина и исчистете ги, така што стеблото ќе остане недопрено, па печете ги во подмачкан огноотпорен сад додека не омекнат, на 200 степени.
Додека се печат пиперките измешајте ги павлаката, сирењето и зачините. Кога пиперките ќе омекнат, извадете ги од рерна и малку изладете ги.
Потоа излупете ги, посолете и повторно ставете ги во огноотпорен сад, па во секоја пиперка ставете по малку фил. На секоја додадете неколку сечкани маслинки. Вратете ги пиперките во рерна уште десет минути.
Пријатно!