вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Лесен рецепт за превкусни бисквити: Овој десерт ги освои сите кои го пробаа

Лесен рецепт за превкусни бисквити: Овој десерт ги освои сите кои го пробаа

Овој рецепт е за сите оние кои обожуваат чоколадо – брзи, лесни, вкусни и крцкави чоколадни бисквити со кафе кои дефинитивно ќе ве освојат.

Потребни состојки (за 20 бисквити):

  • 1 1/2 шолја (за кафе) сенаменско бело брашно
  • 1/2 шолја какао
  • 1 пециво
  • 3 супени лажици путер, омекнат
  • 1 шолја шеќер
  • 2 големи јајца
  • 1/2 шолја корнфлекс со чоколадо
  • 2 супени лажица горко филтер кафе

Начин на подготовка:

Рерната загрејте ја на 220 степени. Во длабок сад, заедно измешајте ги брашното, какаото и пецивото.

Во друг сад измешајте ги путерот и шеќерот со вилушка, додека не се стопи. Потоа, мешајќи го путерот, додавајте ги јајцата, едно по едно и мешајте сѐ додека не се соединат.

Сувите состојки (брашно, какао, пециво) додавајте ги полека во садот со течните состојки. Мешајте додека целата смеса не се соедини.

На крајот, додадете ги кафето и чоколадираните корнлекси. Целата смеса измешајте ја со раце, поделете ја на два дела и формирајте ролати.

Ролатите ставете ги во калап со хартија за печење. Печете 30 минути. Откако ќе се испече бисквитот, почекајте десетина минути да се излади и потоа од него сечете помали бисквити, со должина по ваша желба.

Калапите ставете ги уште 10 минути да се печат и потоа извадете ги.