Еве како да направите малку понеобична верзија на мусака, со макарони, месо и тиквички
Засукајте ги ракавите и подгответе раскошна, но многу лесна за подготовка, мусака од макарони, мелено месо и тиквички! Постојат многу верзии на ова јадење, со или без месо (која обично се подготвува почесто во лето), но оваа комбинација сигурно ќе ви се допадне.
Состојки:
300 гр мешано мелено месо
1 средна тиквичка, исечкана на тенки прстени
200 гр макарони (може да бидат во било каква форма)
1 поголем кромид, ситно сецкан
2 чешниња лук, ситно сецкани
1 шолја сос од домати
1 шолја рендан кашкавал
2 лажици масло
1 лажичка суво оригано
Сол, бибер и други зачини по вкус
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Сварете ги макароните да бидат “ал денте“, па исцедете ги. Во голема тава загрејте го маслото на средна температура. Додадете ги ситно сечканите кромид и лук, па пропржете додека не станат стаклести. Во тавата додадете го меленото месо и пржете додека не ја промени бојата и целосно не се испржи. Зачинете го месото со сол, бибер и други зачини по вкус.
Земете длабок огноотпорен сад и на дното од садот ставете ред сварени макарони. Одозгора распоредете половина од тиквичките, па слој мелено месо. Прелијте со сосот од домати и посипете половина од ренданиот кашкавал. Постапката повторувајте ја додека има материјал – слој макарони, преостанатите тиквички, преостанатото мелено месо и преостанатиот рендан кашкавал. На последниот слој посипете суво оригано и зачинете со повеќе сол и бибер по вкус.
Печете во загреана рерна околу 30 минути или додека мусаката убаво не се запече и кашкавалот не порумени. Извадете ја од рерната и оставете малку да се излади пред послужување.