вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Лисната пита со печурки и сланина

Лисната пита со печурки и сланина

Неверојатно сочна и вкусна …

Потребно е:
1 смрзнато лиснато тесто
околу 600 гр шампињони
150 гр сланина
250 гр кашкавал
250 мл слатка павлака
1 лажиче мелен сув зачин
сол, бибер

Подготовка:
– На малку масло испржете ја сланината која претходно сте ја исецкале на коцкички. Додадете ги сецканите шампињони, зачините и динстајте околу 15 минути.

– Во меѓувреме лиснатото тесто ставете го во намастена тава, избоцкајте го со вилушка на повеќе места и ставете го да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 10 минути.

– Извадете ја тавата од рерна и на полупеченото тесто распоредете го филот од печурки, посипете со изрендан кашкавал и полијте со слатка павлака.

– Вратете ја тавата во рерна и оставете ја питата да се допече уште околу 20 минути, односно додека не порумени.