Кога еднаш ќе ги направите, гарантираме дека постојано ќе ги припремате.
Потребни состојки: 400 до 500 гр. брашно, половина лажичка квасец, 100 мл. топло млеко, 300 гр. путер или маргарин, 300 гр. ситно сирење (или 150 гр. фета), сол (по желба) и едно јајца за премачкување.
Начин на припрема: Во сад ставете го брашното, направете дупка во средината и во неа разматете го квасецот со млекото. Додадете го сирењето и маргаринот, растопен на собна температура. Изгмечете со раце, а потоа замесете тесто.
Подготвеното тесто развлечете го на работната површина која претходно ќе ја посипете со брашно, преклопете ги рабовите и оставете да стои (поклопено) околу 15 минути.
Повторете ја оваа постапка уште еднаш. На крајот развлечете го тестото, исечете ги краевите, а потоа од него направете ленти па коцки. Тестото можете да го обликувате и со помош на чаша.
Погачиците ставете ги во тава обложена со хартија или намастена со маргарин и оставете да отстојат.
За тоа време загрејте ја рерната на 220 Целзиусови степени. Печете околу 30 минути додека не добијат златножолта боја.