среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Лиснати полжави со шунка

Лиснати полжави со шунка

Ако ви е потребен брз и лесен рецепт за оброк кој секој ќе го сака, овој е вистинскиот за вас.

Солени полжави, кои се многу вкусни и практични, а можете да ги однесете на работа или на училиште како ужина.

Состојки:
1 пакување лиснато тесто
100 гр шунка
100 гр крем сирење
1 јајце

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 220 степени.

Лиснатото тесто ставете го на набрашнета површина и расукајте го што потенко. Изрендајте ја или исечкајте ја шунката на коцки.

Расуканото тесто премачкајте го со крем сирење, па сè посипете со шунка.

Тестото свиткајте го во ролат, па исечете го на кришки дебели околу еден сантиметар.

Наредете ги полжавите во тава кој претходно сте го обложиле со хартија за печење, премачкајте ги со јајце и печете ги околу 15 минути.

Кога ќе бидат готови, послужете ги со чаша јогурт.