Листа на причини заради кои е препорачливо да ги консумирате секојдневно.
Оревите се полни со антиоксиданси – истражувањата покажале дека имаат најмногу антиоксиданси од сите јаткасти плодови, како што се ф’стаците, кикирите, бадемите и лешниците.
Оревите ја подобруваат меморијата – оревите се сметаат за единствени јаткасти плодови кои помагаат за добро помнење.
Оревите го намалуваат холестеролот – секојдневно консумирање на околу 50 грама ореви помага во намалување на лошиот холестерол за 7,4%, односно 5,1% од вкупниот холестерол.
Оревите помагаат превентивно против рак на дојка – научниците го објаснуваат ова дејство од позитивното влијание на омега 3 масните киселини, антиоксиданси и фитостероли, за кои уште од порано е докажано дека ги намалуваат шансите за појава на карцином.
Оревите ги штитат крвните садови – се препорачува оревите да се консумираат на крајот од оброкот, бидејќи се смета дека на тој начин помагаат и го ублажуваат негативниот ефект од масната храна.
Оревите помагаат полесно да заспиете и подобро да спиете – содржат мелатонин, а тој е хормон кој помага за воспоставување и урамнотежување на навиката за спиење и ментален мир.